Еколошки зони за основните училишта во Штип

Од:

По повод денот на планетата земја, во Штип се спроведе акцијата „Еко пролет“, која ќе продолжи и во наредниот период. Веќе се спроведени десетина акции за чистење на сметот во штипските населби.

Заради подигање на еколошката свест , инспекторатот за животна средина при Општина Штип, заедно со вработените од одделението за урбанизам, определија локалитети што им се доделија на основните училишта, а во иднина преку ангажман на вработените и учениците ќе требат да бидат претворени во еколошки зони.

Учениците и вработените во основните училишта денес ги презедоа првите активности за разубавување на овие локалитети, а во работата им се придружија и дел од вработените во Општина Штип, како и градоначалникот Илчо Захариев.

Од локалната самоуправа најавуваат заострување на контролата од страна на комуналните и на еколошките патроли, како и високи казни за оние што ќе фрлаат смет и ќе ја уништуваат животната средина.

Би можело да ве интересира

Обвинетиот за убиството во Штип негира вина, рочиштето одложено за 18 март

(ВИДЕО) Голем пожар зафати познат ресторан во Штип

Обвинетиот Денис Асанов негира вина за убиството на 79-годишна жена

По 5 години затвор за тројцата турски државјани кои помагаа во убиство во Штип

А1он

Стојанче Зарков од Штип осуден на доживотен затвор за убиството на мајка му

Зарков не се сеќава дека си ја уби својата мајка, пресудата ќе ја дознае за четири дена