Еколошка акција: Во Гостивар се чистеа паркови и ѓубришта

Од:

Ученици од повеќе училишта, еколошки активисти и општинската адинистрација денеска собираа отпад од повеќе локаци низ Гостивар како дел од активностите за одбележување 22 Април – „Ден на планетата Земја“.

Акцијата за чистење на отпадоци започна од пред седиштето на Општина Гостивар на кое се приклучи и градоначалникот Арбен Таравари.

Денеска чистење се спроведуваше во сите училишни дворови, а во околните села покрај дворовите се чистат отпадоци и од улиците.

– Целта на оваа акција е да се подигне свеста кај нашите сограѓани за почиста околина. Секој денес ќе подигне отпадок ќе се сети на тоа кога ќе се реши да фрли на улица, а не во корпа или канта. Иако е ова прва акција од ваков вид ќе се обидеме таа да стане традиција, а не само за денот на планетата. Чистењето е обврска на комуналното, а ние ќе им помогнеме и ќе ги корегираме оние места кои ги пропуштиле, рече Таравари.

Покрај парковите, учениците и еко – активистите собираа расфрлан отпад и во близина на урбани блокови.

Би можело да ве интересира

Гостиварското село Форино е најпогодено од поплавите

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

Уапсени се тројца гостиварци – кај нив најдена дрога и оружје

А1он

Неофицијални резултати: Валбон Лимани од НАИ победи во Гостивар

ЦУК: Се појавија свлечишта, но се поплавени куќи и патишта во Битола, Тетово и Гостивар

Невзат Бејта најави изборна победа на 11 јануари