Екологистите ќе собираат потписи, за да не се дозволи градење загадувачка индустрија во населено место

Од:

Екологистите од четири еколошки друштва од Скопје, Битола, Охрид и Велес од утре ќе собираат 10 илјади потписи во 20 градови во Македонија, за дополнување на Законот за животна средина.

Екологистите, како што најавија на заедничката прес-конференција во Велес, ќе побараат од граѓаните со својот потпис да ја подржат нивната иницијатива за дополнување на Законот за животна средина, да не се дозволи градење загадувачка индустрија на растојание помало од пет километри од населените места.

Ненад Коциќ од ЕД „Вила Зора“ од Велес рече дека со ова барање првенствено ќе се надмине грешката од Велес, каде Топилницата беше изградена и работеше среде град и ги труеше и им го загрозуваше зравјето на граѓаните над 30 години.

– Затоа бараме ваква тешка загадувачка индустрија во иднина да не се гради во ниедно населено место во Македонија, а со тоа ќе се заштити нашата и иднината на нашите деца кои имаат право да живеат во почиста и поздрава животна средина, рече Коциќ на денешната прес-конференција.

Тој најави дека во наредните денови потписите од граѓаните ќе ги собираат на плоштадите во 20 градови во земјава. Потоа собраните 10 илјади потписи ќе ги достават до Собранието на Република Македонија.

– Од пратениците, без разлика на која партија и припаѓаат, ќе бараме со своето гласање да ја подржат нашата иницијатива која значи подобра и поздрава животна средина за сите граѓани на Македонија, потенцира Коциќ.

Би можело да ве интересира

Еко-манипулација: Новите рудници ќе работат под еколошки стандарди и се ќе биде чисто, зелено и еколошки

Предраг Петровиќ

АУЕ-ФОН со еко-акција „МЛАДИТЕ ЗА ПРИРОДАТА“, за подигнување на свеста за заштита на животната средина

А1он

САД продолжуваат со работата за еколошки и дипломатски решенија за поздрава планета

А1он

Бугарија и Албанија почнаа примена на договорот за еколошка соработка

А1он

Еколошки активисти блокираа четири моста во Лондон

А1он

Анализа на Грин тенк: На Западен Балкан му е потребен Фонд за фер транзиција кон зелена енергија

А1он