Еко-свест: Општините мора активно да се вклучат во ублажување на климатските промени

Од:

Да одиме пеш и со велосипед, да штедиме електрична енергија и да користиме енергија од сонцето, да имаме платнена торба за пазарење наместо пластика, да реупотребуваме и да рециклираме, препорачуваат од Еко-свест за 21 Септември – Меѓународен Зе Ден за намалување емисии на стакленички гасови.

– 97 проценти од научниците во светот се согласуваат дека климатските промени се предизвикани од човечки активности, односно се последица од емисиите на стакленички гасови во атмосферата. Јаглерод диоксидот е најмногу виновен за климатските промени, а настанува со согорување на фосилни горива (нафта, јаглен, гас). Меѓународниот панел на научници за клима предупреди дека доколку не ги намалиме емисиите на стакленички гасови на глобално ниво светот ќе се соочи со глобално затоплување на температурите од повеќе од четири степени целзиусови што ќе има катастрофални последици на животот на Земјата и ќе го стави во опасност опстанокот на човекот, истакнува Елена Николовска, проектна координаторка во Еко-свест.

Таа потсетува дека за таа цел во 2015 беше потпишан Парискиот договор, со кој државите се обврзаа дека ќе ги намалат емисиите на стакленички гасови за да се задржи порастот на глобалните температури под два степени целзиусови. Пред само четири дена, на 17-ти септември, беше објавена сумарната анализа на сите ревидирани поднесени национални придонеси кон клима. Според неа, заклучокот е дека не се доволни и дека се уште се движиме кон затоплување од над три степени целзиусови и потребни се повеќе активности. Според Николовска, граѓаните мора активно да се вклучат во носењето одлуки од нивен интерес и да бараме мерки за заштита на нашето здравје и иднината на нашите деца.

Општините, како што се наведува, мора да ги земат предвид стратегиите за енергија и клима и да ги планираат мерките во согласност со овие документи за да можеме да имаме барем шанса да ги намалиме последиците од климатските промени.

– Мора да си признаеме дека нашите општини во моментов не располагаат со капацитет и кадар потребен да ги спроведе овие мерки на локално ниво – и тоа е така веќе подолго време. Потребни се цели сектори со висококвалификувани кадри од областа на урбано планирање, транспорт, отпад и енергија во општината и активно вклучување на локалните власти во преземање активности за намалување на емисиите на стакленички гасови. Особено за регионите со јаглен, како Кичево и Битола со највисоки емисии е важна улогата на планирањето и спроведувањето на планови и мерки за намалување на емисиите на стакленички гасови, додава Николовска.

Еко-свест во моментот работат на проект за Праведна транзиција поддржан од CEE Bankwatch Network и SIDA.

Би можело да ве интересира

Еко-свест: Елаборатите за малите хидроцентрали одат пред Уставен суд

Еко-свест: Со гасниот конектор наместо обновливи извори ќе добиеме нов фосилен господар

Еко-свест бара итно формирање на Фондот за животна средина

Ана Ололовска

„Еко-свест“: Бернската конвенција со нови препораки за заштитените подрачја

А1он

Еко свест: Екстремното загадување од електраните на јаглен продолжува

Катерина Ѓуровски

„Еко-свест“: Поради големиот број на мали хидроелектрани се почести се случаите на сериозен конфликт со заштитата на природата или со пристапот до вода за луѓето

Ана Ололовска