„Еко-свест“: Поради големиот број на мали хидроелектрани се почести се случаите на сериозен конфликт со заштитата на природата или со пристапот до вода за луѓето

Од:

Од воведувањето на повластените тарифи за субвенционирање на искористувањето на обновливите извори на енергија во 2007 година до крајот на 2020 година, пуштени се во употреба 96 мали хидроелектрани што користат повластени тарифи, а во блиска иднина треба да се пуштат уште 25. Поради нивниот голем број и изградба во предели со природни богатства, како и заштитени подрачја, се почести се случаите кога тие се во сериозен конфликт со заштитата на природата или со пристапот до вода на луѓето, што ја доведува во прашање оправданоста тие да се поддржани со фиксни тарифи, нагласи на денешната прес-конференција Ана Чоловиќ Лешоска, изршна директорка на „Еко-свест“.

Имено, на прес-конференцијата беше презентирана економската анализа за финансирање на малите хидроцентрали кои прават штети врз животната средина, од страна на претставици од „Еко-свест“ и Центарот за економски анализи.

Весна Гарванлиева од Центарот за економски анализи истакна дека според ЕУ регулативата за државна помош, поддршката на обновливите извори треба скоро целосно да се префрли од фиксни повластени тарифи кон премии доделени со аукција.

– Премиите ги изложуваат обновливите извори на енергија на сигналите на пазарот бидејќи некои технологии за обновлива енергија, како што се малите хидроцентрали, достигнаа фаза на зрелост што бара нивна интеграција на пазарот. Со оглед на тоа дека во моментот кај нас некои технологии се уште добиваат само повластени тарифи, може да се заклучи дека не е извршено целосно усогласување на националното законодавство со ЕУ легислативата, потенцираше Гарванлиева.

Давор Пехчески од „Еко-свест“ наведе дека според нивната оценка моменталната поставеност на националната регулатива ги фаворизира малите хидроцентрали, за што тие имаат доставено и жалба до Енергетската заедница.

– Додека во ЕУ гледаме диверзификација на производството и намалување на уделот на хидроенергијата во енергетскиот микс, кај нас се уште поддржуваме зрели и конкуретни технологии со субвенции. Владата и ресорните министерства мора што поскоро да овозможат транзиција на сите технологии од тарифи кон премии за да овозможиме вистинска либерализација на енергетскиот пазар, но и максимална заштита на природата од штетни проекти кои инаку не се конкуретни на пазарот, посочи Пехчевски.

Би можело да ве интересира

Еко-свест: Елаборатите за малите хидроцентрали одат пред Уставен суд

Еко-свест: Со гасниот конектор наместо обновливи извори ќе добиеме нов фосилен господар

Еко-свест бара итно формирање на Фондот за животна средина

Ана Ололовска

„Еко-свест“: Бернската конвенција со нови препораки за заштитените подрачја

А1он

Еко-свест: Општините мора активно да се вклучат во ублажување на климатските промени

Ана Ололовска

Еко свест: Екстремното загадување од електраните на јаглен продолжува

Катерина Ѓуровски