Еко хепенинг за Светскиот ден на планетата Земја

Од:

Еко хепенинг ќе се одржи денеска во градинарскиот центар „Фоја“ по повод Светскиот ден на планетата Земја.

Во тек на едукативно-рекреативниот настан, експерти и тим од градинарскиот центар ќе го објаснат процесот на создавање и развивање дрво од една семка, а децата ќе имаат можност практично да видат садење даб од семка.

Целта на настанот е поттикнување на свеста кај децата и кај родителите за што повеќе време дружење со природата, поттикнување љубов и грижа кон неа. Ова е посебно важно во денешното време на модерни технологии, кога децата поминуваат најголем дел од денот пред комјутери, телевизор, телефони…, велат организаторите на настанот градинарскиот центар „Фоја“ и коалицијата „Боите на животот“.

Би можело да ве интересира

Шукова: Еколошка катастрофа и труење на реките, храната под ризик

Предраг Петровиќ

Еко-манипулација: Новите рудници ќе работат под еколошки стандарди и се ќе биде чисто, зелено и еколошки

Предраг Петровиќ

АУЕ-ФОН со еко-акција „МЛАДИТЕ ЗА ПРИРОДАТА“, за подигнување на свеста за заштита на животната средина

А1он

Худолин: Зелениот договор треба да биде вклучен во секоја сфера

А1он

Дислокацијата на тешката индустрија е логичен почеток за новиот ГУП – експертите за планот на Шилегов

Предраг Петровиќ

Истражување: Размножувањето на египетските мршојадци во заробеништво клучно за нивното преживување, на Балканот регистрирани само 46 пара

Ана Ололовска