Еко Герила: Без Југохром, Тетово помалку загадено

Од:

Воздухот во Тетово без Југохром е помалку загаден во значителни количини, затоа барањето на менаџментот за повторно започнување на работата без да ги постави филтрите е неприфатливо и опасно, истакнаа денеска на прес-конференција од невладината организација „Еко Герила“ од Тетово.

Според нив, најновите податоци за загадувањето на воздухот од мерењата коишто се вршат постојано од Министерството за животна средина и просторно планирање покажуваат дека најголема разлика е воочена во Тетово, каде што загадувањето на годишно ниво од просечната вредност 140-150 ПМ10 честичките е намалена прв пат на 97, иако Југохром не работел само четири месеци. Намалување на загаденоста е воочено и во Кичево, каде РЕК Осломеј работел само 40 дена во текот на 2016 година.

– Сакаме да испратиме порака и до Владата дека најважно е здравјето на нашите деца, на идните поколенија, здравјето на стотиците илјади жители на Тетово и околината. Бројот на малигните заболувања во Македонија во последно време достигнува огромен пораст. Ниту еден интерес не е поважен од здравјето на стотиците илјади жители кои се принудени секој ден да вдишуваат 30 тони прашина од Југохром во воздухот, истакна Аријанит Хоџа, претседател на „Еко Герила“.

Од „Еко Герила“ побараа „Југохром“ да не се отвора без целосно поставување на филтрите.

Оттаму најавуваат дека на следните прес-конференции ќе се осврнат и на активностите на локалната власт, која според нив, била неуспешна во борбата против загадувањето и заштитата на животната средина. Како главни проблеми ги посочуваат и претоварната станица на влезот во градот, непостоењето на јавен превоз во општината и затоплувањето на домовите со дрва

Би можело да ве интересира

Втор пат за еден ден, дел од Тетово е без струја

Дефект на трафостаница во Тетово, без струја околу 5000 корисници

Поднесена иницијатива за испитување на уставноста за преименување на улиците во Тетово од 2007 година

24-годишно момче од Тетово си го истепа три години постариот брат

Сојузот на борци преку отворено писмо бара да нема промена на имиња на улиците во Тетово

А1он

Одбележани 24 години од загинувањето на полицаецот Момир Стојановски