Еко-арт денови за почиста околина

Од:

Сто ученици кои денеска ќе донесат 10 употребени пластични шишиња ќе добијат бесплатен влез во Зоолошката градина во Скопје, каде од 12 часот ќе се организира „Еко пикник“.

В понеделник и вторник за три употребени пластичниични шишиња сите заинтересирани ученици ќе можат да добијат по една влезница за „Арт&Театар за чиста околина“.

Организатори на настаните се компанијата „Пакомак“ заедно со здружението на граѓани Центар за креативен развој – ЦКР, Зоолошката градина – Скопје, Град Скопје, Универзалната Сала од Скопје, како и директорите, професорите и учениците од скопските средни училишта, Македонија Експорт и други. Тие најавуваат повеќе настани и активности за младите и нивните најблиски за чиста околина, собирање стара пластика-шишиња и нивна рециклажа  под еко-иницијативата „Најдобрите за чиста околина-2014“.

Целта на проектот, според организаторите, е квалитативна промена на свеста на скопските млади и нивните блиски преку конкретни креативни ангажмани, подигнување на свеста за екологијата и животната средина и квалитативно менување на подобро на генералниот систем на вредности кај младите.

Следните месеци еко-проектната иницијатива ќе продолжи плански да се организира, развива и презентира пред граѓаните на Град Скопје на различни креативни и оригинални начини.

Би можело да ве интересира

Шукова: Еколошка катастрофа и труење на реките, храната под ризик

Предраг Петровиќ

Еко-манипулација: Новите рудници ќе работат под еколошки стандарди и се ќе биде чисто, зелено и еколошки

Предраг Петровиќ

АУЕ-ФОН со еко-акција „МЛАДИТЕ ЗА ПРИРОДАТА“, за подигнување на свеста за заштита на животната средина

А1он

Худолин: Зелениот договор треба да биде вклучен во секоја сфера

А1он

Дислокацијата на тешката индустрија е логичен почеток за новиот ГУП – експертите за планот на Шилегов

Предраг Петровиќ

Истражување: Размножувањето на египетските мршојадци во заробеништво клучно за нивното преживување, на Балканот регистрирани само 46 пара

Ана Ололовска