Еко акција за собирање на електричен отпад во Гази Баба

Од:

Од денеска до 28 мај жителите на општина Гази Баба ќе можат да се ослободат од своите отпадни електрични и електронски апарати и истовремено да станат потенцијални добитници на една од петте вредни награди: лед телевизор, фотоапарат, смарт телефон, ДВД или тостер кои ги доделува компанијата Елколект ДОО.

Како што информираат од општина Гази Баба секој полнолетен граѓанин кој ќе достави отпаден електричен или електронски апарат во еден од еко магацините на Елколект лоцирани на територија на Општина Гази Баба станува потенцијален добитник на вредна наградна. Со зголемување на бројот на донесени отпадни апарати се зголемува и можноста за добивање награда.

Еко магацините на Елколект во општина Гази Баба се лоцирани на улицата „Лазар Поп Трајков“ бр. 26 – Автокоманда и на улица „6“ во село Стајковци. Подетални информации околу правилата на наградната игра жителите на Гази Баба може да добијат и со повик на тел: 02/309 77 66 или на веб страната на Елколект ДОО www.elkolekt.mk. Резултатите од извлекувањата ќе бидат објавени на веб страните на Елколект и на општината.

Би можело да ве интересира

Реакција на Општина Ѓорче Петров: Арсовска да не раскажува ловечки приказни, нека сработи нешто

Арсовска: Вработен во Ѓорче Петров имал дива депонија, општината била клиент, следуваат кривични пријави

Александар Тодески

Засадени 50.000 дрвја во Велешко, за две години 90.000 со акцијата за пошумување „Сончева Гора“

Откриен опасен отпад во близина на скопското село Орман

ЈП Дрисла: Градоначалниците на Кисела Вода и на Аеродром немаат договор со депонијата, каде го фрлале сметот досега?

A1on

Полицијата на отпад најде нецаринети возила со странско потекло