Еко акција за чистење на градот „Мој Охрид-чист Охрид“

Од:

Во сабота, 9-ти јуни ќе се одржи голема Еко акција „Мој Охрид-чист Охрид“, за чистење на крајбрежјето на градот во пресрет на туристичката сезона.

Акцијата е иницирана од Супер радио, со поддршка на локалната самоуправа, бизнис секторот, охридските медиуми, еколошките и спортски друштва од Охрид.

– Основната идеја е да се анимираат граѓаните на Охрид, посебно учениците од сите основни и средни училишта во градот за чистење на централниот дел од градот. Особен акцент ќе им се даде на плажите, каде е најголемата фреквенција на туристи во пресрет на главната туристичка сезона. Потегот од Воска до хотел „Десарет“ и плажата „Градиште“ ќе се подели во региони и ќе се чисти крајбрежниот појас, со особен акцент на најпопуларните плажи, плажите пред хотелите, се` со цел Охрид да блесне во целата своја убавина пред оваа туристичка сезона, велат од Супер радио.

Во акцијата, покрај учениците, ќе учествуваат и поголеми компании од градот, спортски и еко здруженија, вработените во Локалната, Јавните претпријатија, а организаторите упатуваат повик и до сите граѓани да учествуваат за да добие акцијата на што поголема масовност.

– Со личен пример да им покажеме на најмладите колку е важен овој сегмент од животот. Затоа и акцијата е првенствено насочена кон нив во обид за максимално кревање на нивната свесност за значењето на чистата животна средина. Охрид е дар од Бога и треба како такот да му пристапиме најсериозно и сите заедно да помогнеме тој да биде вистински бисер на Балканот. За сите учесници ќе бидат обезбедени и ракавици, вреќи и превоз до оддалечените плажи, додаваат од Супер радио.

Генералната програма за овој настан предвидува и акција за чистење на дното на езерото во крајбрежниот појас и пред најпопуларните плажи во соработка со нуркачите од Охрид.

Од Супер радио сите детали ќе ги соопштат наскоро, заедно со деталниот план за поделба на градот на реони за чистење.

Сите заинтересирани дополнителни информации можат да добијат на Официјалната група на Facebook на настанот, на која можат и да го пријавуваат своето учество.

Би можело да ве интересира

Царина: Контролите даваат ефект, евидентирана зголемена наплата на давачки за пловила внесени со привремен увоз

Предраг Петровиќ

Во јуни 113 436 туристи и 221 608 ноќевања, најмногу гости од Турција, Србија, Германија и Бугарија

Уапсен е охриѓанец – впери пиштол кон скопјанец поради паркинг место

А1он

Муцунски: Нема компромис со дивоградбите, и во Охрид и низ целата држава

Горан Наумовски

УНЕСКО му даде нова шанса на Охрид: Пет години за исполнување на препораките

Бунтот се шири во Струга, фактури од ЗАМП доаѓаат за ист апартман до повеќе членови на семејство