Еко – акција за чист и зелен Карпош

Од:

Оваа недела, во Општина Карпош се спроведува голема еколошка акција за чистење на зеленилото и на јавните површини меѓу зградите, т.н блоковско зеленило. Комуналните служби на Општината, во соработка со ЈП „Паркови и зеленило“ во наредните денови интензивно ќе бидат присутни на терен со цел што поефикасно да се отстрани отпадот низ населбите на локалната самоуправа.

Денеска, на вториот ден од оваа целонеделна еко – акција во Карпош, присуствуваа Градоначалникот на Општината Стефан Богоев, претседателката на Советот на Град Скопје Љубица Јанчева и директорот на ЈП „Паркови и зеленило Ардијан Муча.

Градоначалникот на Карпош Стефан Богоев посочи дека оваа акција е само вовед, односно најава за почеток на т.н. „зелената офанзива“ која ќе се случи веќе на пролет.

– Целта е темелно да го исчистиме Карпош и да се подготвиме за вистинско разеленување на Општината на пролет. Тоа значи оплеменување на неуредените зелени површини меѓу зградите, засадување нови садници и цвеќиња, како и поставување на урбана опрема која ќе овозможи поголема атрактивност и удобност за сите граѓани. За таа цел и комуналните служби на Општина Карпош работат со уште поголем интензитет за тековно одржување на хигиената и чистотата во Општината, рече Богоев.

На денешната еко акција во Карпош 4, се обрати и претседателката на Советот на Град Скопје, Љубица Јанчева. Таа напомена дека Град Скопје со своите комунални служби посветено работи на зголемување на јавното зеленило.

– Освен тоа, земајќи предвид дека една од причините за загадување на воздухот е отпадот низ парковите и улиците, нашата цел е чистењето на градот да се практикува во континуитет, што би резултирало со тоа парковите и улиците во градот Скопје да бидат постојано чисти, нагласи Јанчева.

Акцијата во Карпош е продолжение на големата акција за чистење на Градот и враќање на изгубеното зеленило, а на подрачјето на оваа локална самоуправа ќе трае до крајот на неделата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Невремето го покоси Скопје: Оштетени „Вила Водно“, зградите на министерства, Обвинителство

Син уби татко во Скопје

А1он

ВИДЕО: Пожарот во Кисела Вода е ставен под контрола, повреден пожарникар

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Голем пожар во Кисела Вода, чад се гледа од повеќе делови на Скопје

Катерина Ѓуровски

Најмногу дожд наврна во скопско Црешево и Гази Баба

Ѓорѓиевски: Со навремена и координирана реакција спречивме поголеми последици од невремето во Скопје

Предраг Петровиќ