Еко акција на вработените во општина Кавадарци, отпад собираше и градоначалникот

Од:

Еколошка акција беше организирана денеска од Локална самоуправа Кавадарци, учествуваа вработените во општината и институциите под општинска капа, советниците во градскиот Совет, а отпад собираше и кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев.

– Кавадарци подолго време работи за почисто, поубаво Кавадарци. Очигледно е дека општината оди на повисоко ниво во делот на хигиената и во делот на секојдневното функционирање. Заедно со вработените во сите јавни институции што се на општинско ниво, на чело со нивните раководители, организиравме и направивме едно генерално чистење на градот на повеќе јавни површини. Со оваа акција сакаме да ја подигнеме еколошката свест како кај вработените во општината и општинските институции, така и кај целокупното население, рече Јанчев.

Тој најави дека е можно ваквата акција за чисто Кавадарци да стане пракса која би се практикувала два пати годишно.

Кавадарчани задоволни од поголемата грижа за екологијата во последно време, не го криеја задоволството од една ваква акција, која, како што изјавија некои од нив, дополнително треба да ја подигне еколошката свест во општината.

Се чистеше на 15 локации, а за отстранувањето на вреќите собран отпад, се погрижи Јавното претпријатие „Комуналец“, чии вработени исто така се вклучија во акцијата, заедно со вработени во противпожарната служба, спортската сала „Јасмин“ културниот дом, градскиот музеј.

Во еко акцијата зедоа учество советници и од СДСМ и од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Тешко повреден работник во фабрика во Кавадарци

Тешка сообраќајка во Кавадарци, повреден е пешак

Доживотен затвор за братоубиство во Кавадарци

А1он

Исчезнатиот кавадарчанец пронајден починат

Предраг Петровиќ

Кавадарчанец „дувна“ 3,21 промили алкохол откако предизвика сообраќајна несреќа

Кавадарци одбележува осум децении постоење на Градската библиотека „Феткин“, најстарата културна институција во градот

А1он