Еко акција „Македонија без отпад“ по трет пат

Од:

Во организација на Министерството за животна средина и просторно планирање и асоцојацијата „Ајде Македонија“ денеска на повеќе локации во земјата ќе се спроведат акции за чистење отпад на дивите депонии.

Министерот за животна средина и просторно планирање Нурхан Изаири, заменик-министерот Стево Темелковски и градоначаникот на општина Сарај Беким Мурати ќе се приклучат во акцијата за чистење на дивите депонии во близина на изворот Рашче. Во акцијата ќе се вклучат и луѓе и механизација од Градот Скопје со јавните претпријатија „Водовод и канализација“ и „Комунална хигиена“.

Заменик-министерот за животна средина и просторно планирање Темелковски и градоначалникот на општина Гази Баба Тони Трајковски ќе се приклучат во акцијата за чистење отпад на левиот брег на реката Вардар, во населбата Керамидница на локација кај пешачкиот Железен мост.

Директорот на Управата за животна средина при МЖСПП Игор Трајковски и градоначалникот на општина Петровец Борче Митевски ќе се приклучат во акцијата за чистење на отпадот кај излетничкото место Катлановска Бања (борова шума по мостот на реката Пчиња).

Акции за чистење на отпадот ќе се спроведат и во општина Кичево (кај излетничкото место Крушино), во Делчево (кај местата Пустевски ендек и Манастирски ендек) и во општина Дојран на Градската плажа.

Акцијата „Македонија без отпад“ се спроведува трета година по ред.

Би можело да ве интересира

Шукова: Еколошка катастрофа и труење на реките, храната под ризик

Предраг Петровиќ

Еко-манипулација: Новите рудници ќе работат под еколошки стандарди и се ќе биде чисто, зелено и еколошки

Предраг Петровиќ

АУЕ-ФОН со еко-акција „МЛАДИТЕ ЗА ПРИРОДАТА“, за подигнување на свеста за заштита на животната средина

А1он

Худолин: Зелениот договор треба да биде вклучен во секоја сфера

А1он

Дислокацијата на тешката индустрија е логичен почеток за новиот ГУП – експертите за планот на Шилегов

Предраг Петровиќ

Истражување: Размножувањето на египетските мршојадци во заробеништво клучно за нивното преживување, на Балканот регистрирани само 46 пара

Ана Ололовска