Еко-акции на општина Битола

Од:

Општина Битола почна да расчистува голема депонија во Нова Битола која се наоѓа во непсоредна близина на градскиот реонски пазар.

За чистење на депониите во градот ќе бидат вклучени сите јавни комунални претпријатија чиј основач е општината, најави градоначалничката на Битола Наташа Петровска.

– Убедена сум дека граѓаните ќе бидат задоволни од оваа акција, но нашата намера е во текот на целата седмица да ги расчистуваме депониите, да засадуваме нови садници и да извршиме зарежување на дрвја каде тоа е потребно. Денот на пролетта ние нема да го одбележуваме само во еден ден од годината туку континуирано, истакна градоначалничката Петровска.

На денешниот јавен еко-настан, ЈП „Комуналец“-Битола упатија јавна покана до граѓаните да пријавуваат потреба од интервенирање и собирање на крупен отпад, како и на електронски отпад, за што екипите на локалниот комунален сервис веднаш ќе излезат на терен.

Би можело да ве интересира

Силувано е 12 годишно девојче во Битола – ОЈО води истрага за 36 годишник

А1он

Безживотно тело на битолчанец извлечено од реката Драгор

Поплавени улици во Битола по обилниот дожд во градот

Обвинителството започна истрага за грозоморното убиство во Битола

Убиство во битолската населба Баир, жртвата е млада жена

Катерина Ѓуровски

Поради свлечиште затворена обиколницата околу Битола, сообраќајот се пренасочува преку градот