Екипи од општина Ѓорче Петров ги расчистуваат штетите од невремето

Од:

Невреме проследено со поројни дождови и силен ветер кое вчера попладне ја зафати општината Ѓорче Петров направи големи штети. За само половина час, како што информираат од општина Ѓорче Петров, наврнаа 70 литри на м2. Поплавени се подрумите на многу станбени објекти, искршени се дрвја и затната е дел од канализацијата.

– Екипи од општината веднаш по невремето излегоа на терен и почнаа со  расчистување на штетите на главните сообраќајници и собирни улици. Општината формира и комисија која веднаш излезе на терен за да ги констатира  штетите од невремето на лице место и да изврши проценка. Механизацијата и комуналните служби и денешниот ден го искористија за санирање на штетите, се вели во соопштението.

Од општината информираат дека се констатирани штети кај објектите во сопственост на општината, како и на покривите на  училиштата и градинките. Кај домаќинствата најголеми штети има во подрумските простории каде на некои места висината на водата изнесуваше повеќе од 30 до 40 см.

– За жал некои членови на општинскиот совет од опозицијата временската непогода ја искористија да го нападнат општинското раководство. Иако ЕВН ден пред непогодата во медиуми објави дека без струја ќе бидат дел од корисниците во општината Ѓорче Петров заради зафати во електричната мрежа невремето беше искористено за напад врз општината како единствен виновник за цитираме „рутина во дождовните денови делови од Ѓорче да остануваат без струја“, наведуваат од Ѓорче Петров.

Во соопштението се додава дека временската непогода која ја зафати општината не е „мегдан“ каде што може да се собираат некакви политички поени, а уште помалку било кој може да предвиди временски непогоди со такви размери какво што го зафати Ѓорче Петров.

– Општината реагираше соодветно во рамките на своите можности. Комуналните служби и механизација ангажирана од општината, веднаш по непогодата излегоа на терен и го расчистуваа. Пред се се дејствуваше на најпроблематичните места главните сообраќајни артерии и собирните улици. Се расчистуваа скршените гранки и одзатнуваа сливниците и се помагаше на граѓаните во санирање на состојбата.

– Ниеден член на совет од опозицијата не се појави во општината за заеднички да ги следиме и решаваме проблемите кои произлегоја од ситуацијата која никој не може да ја предвиди. Да се критикува од дома по електронските медиуми е невкусно. Поефикасно би било кога би ни помогнале на терен. И за крај само би додале: ниедна атмосферска или фекална канализација нема капацитет да собере вакво количество на дожд, се вели во соопштението од општина Ѓорче Петров.

Би можело да ве интересира

Почнува летното сметање на времето

Министерството за транспорт и врски со реакција на прес-конференцијата на Град Скопје

Предраг Петровиќ

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски