Екипи на скопските јавни претпријатија ги санираат последиците од невремето

Од:

Екипи на јавните претпријатија на Град Скопје – „Водовод и канализација“, „Паркови и зеленило“, „Комунална хигиена“, „Улици и патишта“ и на Противпожарната бригада веднаш излегоа на терен и ги санираат штетите од невремето со силен ветер и обилни врнежи од дожд што попладнево го зафати Скопје.

Како што соопштуваат од Град Скопје, обилните врнежи дожд ги поплавија подвозникот кај стоковната куќа „Мост, подвозникот на улицата „Павел Шатев“, делови од општината Кисела Вода, подвозникот на булеварот „Киро Глигоров“.

– Во моментов екипите на јавните претпријатија интервенираат на овие локации и тие ќе бидат проодни до 19:00 часот, се вели во соопштението од Град Скопје.

Воедно, до Градскиот штаб за заштита и спасување пристигнале и поголем број повици за паднати гранки и дрвја, пред се, во општините Кисела Вода, Аеродром и Гази Баба каде екипите на ЈП „Паркови и зеленило“ се излезени и работат на терен за нивно отстранување.

Градскиот штаб за заштита и спасување во соработка со јавните градски претпријатија ја следат состојбата на терен и ќе интервенираат на сите локации каде што ќе има потреба, посочуваат од Град Скопје.

Би можело да ве интересира

Муцунски: Скопје е подготвено за дијалог со Софија, но не и за учество во бугарската изборна кампања

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

Невидена бура ја погоди Далмација, улиците под вода, жителите во очај: „Никогаш не сум видел нешто вакво“

(ВИДЕО) Најмалку 35 лица загинаа во невреме, 400 се повредени

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом