ЕК: Земја членка може да додели адхок статус на лице кое не се квалификува за азил

Од:

На прашања за тоа дали пребегнувањето на Никола Груевски ја става под прашање солидноста и безбедноста на надворешните граници на Европската Унија, и дали барањето за азил на Груевски е основано, Европската Комисија потсетува кои се европските правила.

-Некои од вашите прашања треба да им ги упатите на унгарските власти, велат од Европската комисија.

Портпаролите на ЕК посочуваат дека правото на ЕУ предвидува дека меѓународна заштита се доделува на лице кое се квалификува како бегалец или за субсидијарна заштита.

Основите за таква заштита, според правото на ЕУ се следните: -Лице се квалификува за бегалски статус таму каде властите оценуваат дека тој или таа има основен страв од прогон врз основа на вера, националност, политички ставови или членство во посебна социјална група и е оневозможено или поради таков страв не сака да се врати во својата земја, доколку не е предмет на исклучување, како на пример во случај на воени злосторници, велат од ЕК.

-Доколку некој не ги исполнува критериумите за меѓународна заштита, велат од ЕК, земјата членка сепак може да ја разгледа можноста да му додели на лицето некаков вид национален статус, доколку таа опција постои во земјата членка.

ЕК потсетува дека според правото на ЕУ и меѓународното право, земјата членка е надлежна да одлучи за индивидуални барања за азил.

Европската комисија не одговори на прашањата за тоа дали се бараат објаснувања од Унгарија, ниту дали постои загриженост дека надворешните граници на ЕУ не се доволно обезбедени со оглед на тоа дека Груевски можеби ги преминал на нелегален начин.

МИА праша и дали ЕК смета дека Никола Груевски се соочува со опасност ако биде вратен во Македонија или дали постои загриженост дека таму нема да биде изложен на фер и правично судење, ниту дали сметаат дека неговото барање за азил е оправдано.

Од ЕК потсетуваат на нивната изјава од вчера дека од земјите членки како и од земјите кандидати се очекува почитување на принципот на владеењето на правото и бараат оваа судска процедура да не се политизира.

Би можело да ве интересира

Унгарците насилно го инјектирале Украинецот кој транспортираше десетици милиони евра и злато

Орбан: Украинците се способни да го оштетат сопствениот нафтовод

Унгарија ги блокира санкциите кон Русија

Седум деца исчезнаа во близина на границата со Србија, најмладото има само две години

Унгарскиот парламент усвои предлог-резолуција со која се отфрла членството на Украина во ЕУ

А1он

Маѓар: Ја повикувам Русија да се воздржи од влијание врз унгарските избори

А1он