А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

ЕК утре ќе го објави извештајот за Македонија

by А1он09/10/2012 - 12:33268
Share0

Нова, четврта по ред препорака за почеток на преговорите за членство на Република Македонија во Европската унија и укажување до Советот на Унијата да го овозможи тоа без понатамошно одлагање, се очекува да содржи најновиот извештај на Европската комисија за напредокот на земјата, што официјално комесарот за проширување Штефан Филе ќе го претстави утре во Брисел, информира МИА. Според драфт-верзијата на извештајот, заклучоците на ЕК за Македонија се најпозитивни досега.

Добивај вести на вибер

Според најавите од ЕК, прес-конференцијата на комесарот за проширување Штефан Филе во Брисел на која ќе ги презентира извештаите за земјите кандидати за членство и на потенцијалните кандидати, е закажана за 13:30 часот.

По прес-конференцијата на Филе, извештајот за напредокот на Република Македонија во ЕУ – Инфо центарот во Скопје ќе го презентира и евроамбасадорот Аиво Орав, кој документот ќе им го достави и на претседателот Ѓорге Иванов, на премирот Никола Груевски и на претседателот на Собранието Трајко Вељаноски.

Во клучниот извештај на Комисијата за Македонија, во фокусот е и наметнатиот спор за името со Грција, притоа, во својата Стратегија за проширување поврзана со земјата, наведува дека дијалогот под покровителство на ОН, кој се одвива уште од 1990-та, иако од 2009 година е надополнет со билатерални контакти, вклучително и на премиерско ниво, досега не донесе некаков резултат.

– Решение мора да се најде без понатамошно одлагање. Акции и изјави што можат негативно да влијаат на добрососедските односи треба да се избегнуваат, препорачува Комисијата на крајот.

Вицепремиерката за евроинтеграции Теута Арифи во пресрет на објавувањето на извештајот, изрази очекување дека ќе биде позитивен, но според неа, рано е  да се прогнозира дали на Самитот на ЕУ во декември Македонија ќе добие датум за преговори.

eu

Би можело да ве интересира

ЕУ: Не е јасно каква игра игра Украина

Горан Наумовски31/03/2026 - 21:23

Анкета: Младите Срби сакаат влез на земјата во Европската Унија – повеќето граѓани над 60 години се противат

А1он28/03/2026 - 09:21

ЕУ ја обвини Русија дека му помага на Иран во нападите врз САД

Горан Наумовски27/03/2026 - 08:35

Маслеников: Европската Унија продолжува да го саботира мировниот процес во Украина

Горан Наумовски27/03/2026 - 07:4627/03/2026 - 07:46

Ракетниот дострел на Иран е закана што се наѕира над европските престолнини

Горан Наумовски23/03/2026 - 08:42

ЕУ: Ќе најдеме начин да ѝ обезбедиме кредит на Украина и покрај противењето на Унгарија

Горан Наумовски20/03/2026 - 14:09
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто