А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

ЕК на 16. октомври ќе го презентира извештајот за Македонија

by А1он16/07/2013 - 14:3999
Share0

Европската комисија го утврди 16. октомври како ден кога ќе биде издаден новиот извештај за напредокот на Република Македонија во европските интеграции и се очекува тој да содржи нова, петта по ред препорака до Европскито совет за отворање на преговорите за членство на земјата во Европската унија.

Добивај вести на вибер

Од канцелаирјата на комесарот за проширување, Штефан Филе, каде наголемо се подготвува извештајот, денеска за дописникот на МИА од Брисел потврдија дека на 16-ти октомври ќе биде издаден извештајот за Македонија, дека веќе првите драфт-верзии се направени, но дека е отворен и ќе се дополнува и модифицира се до крајот на септември месец.

– Засега, единствено официјално можеме да потврдиме само дека новиот прогрес-извештај за вашата земја, комесарот Филе ќе го презентира на 16-ти октомври на прес-конференција во Брисел, не информираа од кабинетот на еврокомесарот за проширување.

Според информациите, новиот извештај, и покрај притисоците на Грција и Бугарија, сепак, ќе содржи нова, заслужена петта препорака на Комисијата до Европскиот совет за одредување на датум за почеток на пристапните преговори со Македонија. За разлика од претходно, сега Комисијата подготвува и голем број забелешки во неколку области, пред се за апсењето и третманот на новинарот Томислав Кежаровски и поопширен опфат на собраниските инциденти од 24 декември минатата година.

Но, затоа, пак, по успешниот договор на министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски со претставничката на ОБСЕ за слобода на медиумите Дуња Мијатовиќ, се очекува да донесе позитивни критики за законот за медиуми, а до лиферувањето на извештајот се очекува и позитивен исход од Комисијата за истраги на собраниските инциденти, со јасни препораки и имплементација на заклучоците од страна на властите во Македонија.

Како што е познато, изминатите четири години, Европската комисија издаваше позитивни извештаи со препорака до Советот за одредување датум за почеток на преговорите на Република Македонија со Европската унија, но поради блокадите на Грција, а во последно време и на Бугарија, нашата земја, која осум години е кандидат за членство, не го добива заслуженото на самитите на ЕС.

eu

Би можело да ве интересира

ЕУ: Не е јасно каква игра игра Украина

Горан Наумовски31/03/2026 - 21:23

Анкета: Младите Срби сакаат влез на земјата во Европската Унија – повеќето граѓани над 60 години се противат

А1он28/03/2026 - 09:21

ЕУ ја обвини Русија дека му помага на Иран во нападите врз САД

Горан Наумовски27/03/2026 - 08:35

Маслеников: Европската Унија продолжува да го саботира мировниот процес во Украина

Горан Наумовски27/03/2026 - 07:4627/03/2026 - 07:46

Ракетниот дострел на Иран е закана што се наѕира над европските престолнини

Горан Наумовски23/03/2026 - 08:42

ЕУ: Ќе најдеме начин да ѝ обезбедиме кредит на Украина и покрај противењето на Унгарија

Горан Наумовски20/03/2026 - 14:09
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто