А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

ЕК: Македонија може да остварува економски односи со кого сака

by А1он04/02/2013 - 14:43129
Share0

Европската комисија смета дека сите нејзини земји-членки, но и кандидати и потенцијални кандидати, може да остваруваат економска соработка со кого сакаат, односно дали станува збор за земји-членки на ЕУ или земји што доаѓаат од „Третиот свет“.

Добивај вести на вибер

Ова како одговор на прашањето на дописникот на МИА од Брисел го истакна Петер Стано, портпарол на еврокомесарот за проширување на Унијата, Штефан Филе.

Запрашан дали ЕУ е свесна за заканата од страна на турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган дека Турција доколку наскоро не биде примена во ЕУ ќе побара влез во т.н. Шангајска петка (Русија, Кина, Казахстан, Таџикистан и Узбекистан) и ако Европската комисија продолжи да доставува нови услови за прием на земјите од Западен Балкан, кои се во одличен економски однос со Турција и Русија, дека е можно и останатите кандидати да и свртат грб на ЕУ и да побараат друга средина за да ги остварат своите интереси, Стано одговори дека ЕК е во процес на пристапни преговори со Турција, што е потврдено и во заклучоците на последниот Самит на Европскиот совет во декември минатата година.

– Личен избор е на Турција, Македонија и Србија да остваруваат економски односи со кого сакаат. Но, тие се кандидати за членство и сите се во процес на нивно приближување кон Унијата, потенцира гласноговорникот на Европската комисија.

Според Стано, организацијата „Шангајска петка“ и ЕУ не може да се споредуваат оти се целосно различни организации и институции, но не сака да коментира дали ако сојузот на источните земји е само економски, дали и Унијата во своето создавање минатиот век не започнала како трговски сојуз за тргување со јаглен и челик, за потоа да прерасне во една од најголемите политичко-економски организации.

eu

Би можело да ве интересира

ЕУ: Не е јасно каква игра игра Украина

Горан Наумовски31/03/2026 - 21:23

Анкета: Младите Срби сакаат влез на земјата во Европската Унија – повеќето граѓани над 60 години се противат

А1он28/03/2026 - 09:21

ЕУ ја обвини Русија дека му помага на Иран во нападите врз САД

Горан Наумовски27/03/2026 - 08:35

Маслеников: Европската Унија продолжува да го саботира мировниот процес во Украина

Горан Наумовски27/03/2026 - 07:4627/03/2026 - 07:46

Ракетниот дострел на Иран е закана што се наѕира над европските престолнини

Горан Наумовски23/03/2026 - 08:42

ЕУ: Ќе најдеме начин да ѝ обезбедиме кредит на Украина и покрај противењето на Унгарија

Горан Наумовски20/03/2026 - 14:09
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто