ЕК ќе го презентира извештајот за напредокот на Македонија

Од:

Европската Комисија се очекува денеска по четвртти пат да предложи датум за старт на пристапните преговори на Македонија со Европската Унија.

Ова, според неформалните најави, ќе биде клучната препорака што попладнево на закажаната прес-конференција ќе го соопшти Комесарот за проширување Штефан Филе, кој ќе ги презентира извештаите за напредокот на земјите-кандидати и потенцијални кандидати.

По ова, извештајот во Скопје пред јавноста ќе го престави евроамбасадорот Аиво Орав, а потоа тој лично ќе го предаде на претседателот Ѓорге Иванов, премиерот Никола Груевски и претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски.

Се очекува Европската Комисија да констатира напредок во исполнувањето на политичките критериуми, особено по стартот на Пристапниот дијалог на високо ниво меѓу Скопје и Брисел.

Одлуката дали Македонија ќе ги почне пристапните преговори е во рацете со Европскиот Совет, надлежен да одлучува по препораките на комисијата.

Би можело да ве интересира

ЕУ: Не е јасно каква игра игра Украина

Анкета: Младите Срби сакаат влез на земјата во Европската Унија – повеќето граѓани над 60 години се противат

А1он

ЕУ ја обвини Русија дека му помага на Иран во нападите врз САД

Маслеников: Европската Унија продолжува да го саботира мировниот процес во Украина

Горан Наумовски

Ракетниот дострел на Иран е закана што се наѕира над европските престолнини

ЕУ: Ќе најдеме начин да ѝ обезбедиме кредит на Украина и покрај противењето на Унгарија