ЕК: Фон дер Лајен доаѓа да повтори дека ЕУ држи до регионот

Од:

Претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен, со македонските лидери утре попладне ќе разговара за спорот со Бугарија, повеќе детали за разговорите ќе бидат соопштени по средбата, јави дописничката на МИА од Брисел.

Од Европската Комисија не сакаат да откријат во кој правец ќе се движат разговорите утре во Скопје, ниту дали ќе има пораки до Бугарија во врска со блокираниот ЕУ процес за Северна Македонија.

Засега единствена порака што ја пренесуваат службите на фон дер Лајен е дека ЕУ држи до регионот.

-Таа ќе се сретне со лидерите и ќе разговара за билатералните односи со ЕУ и регионалните прашања, перспективата за преговори за членство на Северна Македонија е дел од пошироката дискусија, целта на претседателката е да ја потврди нејзината посветеност кон регионот и перспективата за преговори за членство во ЕУ со овие земји кога времето и условите ќе бидат добри и преговорите ќе бидат завршени, рече Дана Спинант, портпаролката на Европската Комисија.

Би можело да ве интересира

ЕК: Растот на македонската економија годинава 2,0 отсто, наредната 3,1 отсто

Еврокомисија: Намалување на потрошувачката на струја и дополнително оданочување на енергетскиот сектор

Ана Ололовска

ЕК со свој придонес за претстојниот министерски совет на ЕУ за енергија

Ана Ололовска

ЕК: Очекувањата на потрошувачите во ЕУ и во еврозоната на рекордно ниско ниво

Ана Ололовска

Европската комисија ги турка мерките за задолжителни резерви на гас

Ана Ололовска

Националниот совет за евроинтеграции со еден глас: Крајно време е ЕУ да ги започне пристапните преговори за членство

Ана Ололовска