Едукативна шумска патека за деца во Маврово

Од:

Едукативна патека за деца од 6 до 12 години денеска беше отворена во Националниот парк „Маврово“ во локалитетот Бунец. Во должина од еден километар посетителите ќе можат да се запознаат со биодиверзитетот во паркот од специјално обучени водичи за работа со деца.

Патеката ја отворија директорот на НП „Маврово“ Онер Јакуповски заедно со 50 деца од неколку училишта облечени како бубамари и претставник од Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ).

– Патеката е опремена со информативни и едукативни табли со информации за растителниот и животинскиот свет во Маврово. Децата ќе имаат можност да решаваат загатки и да научат нешто повеќе низ посебно конципирани игри. Покрај едукативните табли во три големини, патеката е збогатена и со дополнителни елементи како хотел за инсекти, ксилофон и дел за набљудување на орли, истакна Јакуповски.

Детската патека е иницијатива на Националниот парк Маврово за збогатување на туристичката понуда со едукативни содржини. Со ова, туристичкиот центар добива уште една нова интересна содржина за семејствата.

Содржина на патеката како и обуката на водичите е потпомогната од Програмата за зголемување на пазарната вработливост (Increasing Market Employabilitis-IME), програма на Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ) имплементирана од Swisscontac.

Би можело да ве интересира

Корчок: Се надевам дека преговарачката рамка ќе биде усвоена за време на португалското претседателство

Димитров и Османи во Брисел на средби со Борел и Лајчак

Португалското претседателство со ЕУ ќе настојува да почнат преговорите со Северна Македонија

Вицепремиерот Димитров ја потпиша Рамковната спогодба за превод на правото на ЕУ

СДСМ: Најавата на ВМРО-ДПМНЕ дека нема да го признае пописот е доказ за антидржавно и деструктивно однесување

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Пендаровски: Не смееме да ги заборавиме скапо платените лекции, мора да сме системски подготвени за следната криза