Едукативен тренинг камп на Црвен крст во Неготино

Од:

Едукативен тренинг камп на Црвениот крст се реализира во Неготино по деветти пат, во организација на Клубот на млади при Црвен крст од овој град. Проектот кој трае пет дена и е на тема „прва помош”, е насловен „Хуман потег”.

– Кампот е составен од теоретски и практичен дел. За практичниот дел беа задолжени едукатори парамедици од Црвен крст на Македонија и шминкери кои ги спремаа повредите за симулационите вежби, изјави Тијана Атанасова, лидер на млади при Црвениот крст.

Таа информираше дека ќе бидат обучени 30 млади и се заблагодари на сите хумани луѓе кои помогнале за реализацијата на кампот.

Ана Марија Ангелова, како еден од волонтерите во клубот на млади „Црвен Крст”, рече дека се одлучила да присуствува на кампот, со цел да ги надогради своите знаења во врска со првата помош.

Би можело да ве интересира

Инцидент близу Неготино: 26-годишник е тешко повреден во несреќен случај

ВИДЕО: Изгоре куќа во пожар во Неготино

Катерина Ѓуровски

Семејна драма: Син осомничен дека се закануваше на својот татко

Компанијата ФРУКТАЛ донираше овошни сокови на Црвениот Крст и СОС Детско село

А1он

Обвинителство: Маж од Неготино бараше припадниците на ромската националност да им се забрани да гласаат на избори

Горан Наумовски

Рекетар му се закануваше на градоначалникот на Неготино и на неговото семејство, насилникот бараше 3.000 евра

Горан Наумовски