Едукација на македонските специјалисти за медицинска примена на канабис

Од:

Следната недела во аптеките во државава без лекарски рецепт треба да биде достапно масло од канабис со низок процент од психотропната супстанца, можност по неодамна усвоените законски измени со кои се дозволи негова примена за медицински цели.  За масло од канабис со повисок процент ТХЦ, односно над 0,02 проценти,  дозволено само за лекување рак, ХИВ, епилепсија и мултиплекс склероза,  ќе се издава лекарски рецепт, за што од денеска за специјалистите се спроведува едукација.  

– По завршување на едукацијата, неопходна поради тоа што лекарите немаат искуство за начинот на примена, маслото ќе биде достапно и во аптеките. Едукацијата ќе ја вршат  еминентни професори од Канада и Шпанија со долгодогодишно искуство во областа, информира на прес-конференција Марија Дарковска Серафимовска, директорка на Агенцијата за лекови и медицински средства, која со Министерството за здравство се надлежни да обезбедат соодветно производство, контрола, диструбуција и издавање во аптеките на маслото.

Со едукацијата, како што рече, се опфатени сите доктори специјалисти кои согласно Законот имаат право да ги препишуваат  овие препарати. Целта на едукацијата е детално информирање за начинот на пропишување, дозирање и индикаците за кои има оправданост за примена на овие препарати. 
– Едукацијата за малигни заболувања ќе трае најмалку месец, дел ќе се изведува во Скопје, дел он-лајн, очекуваме едукатори  од Мадрид да дојдат и после тоа. Едукацијата ќе заврши во оној момент кога ќе кажеме дека навистина знаеме да го работиме тоа, наведе Милан Ристовски, директор на Клиниката за онкологија.

Според Ристовски и Дарковска Серафимовска,  маслото од канабис со низок процент психотропна супстанца што ќе биде достапно без рецепт е со аналгетско и антиинфламаторно дејство и ќе може да го користат сите пациенти во државата. 

Би можело да ве интересира

Корчок: Се надевам дека преговарачката рамка ќе биде усвоена за време на португалското претседателство

Димитров и Османи во Брисел на средби со Борел и Лајчак

Португалското претседателство со ЕУ ќе настојува да почнат преговорите со Северна Македонија

Вицепремиерот Димитров ја потпиша Рамковната спогодба за превод на правото на ЕУ

СДСМ: Најавата на ВМРО-ДПМНЕ дека нема да го признае пописот е доказ за антидржавно и деструктивно однесување

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Пендаровски: Не смееме да ги заборавиме скапо платените лекции, мора да сме системски подготвени за следната криза