Едносменска настава има во 150 училишта, во 25 треба доградба на училници

Од:

Министерката за образование и наука Весна Јаневска денеска соопшти дека едносменска настава има веќе во 150 училишта во коишто немало или имало многу малку градежни интервенции за да може да биде воведена.

Очекува овој процес да продолжи во 25 училишта во кои, рече, ќе има потреба од градежни зафати т.е. доградба на училници за да може да ги опфатат сите ученици во една смена.

-Сигурно почнуваме во пет, почнуваме во општините Ѓорче Петров и Карпош, а потоа продолжуваме и во други. Оваа година очекувам да започнеме работи во 25 училишта кои, секако, ќе бидат подолготрајни и ќе преминат во следната година, изјави Јаневска одговарајќи на новинарски прашања по извршениот увид за изградба на училишна спортска сала во општина Петровец.

Додаде дека воведувањето на едносменската настава е поврзано со оптимизација на училишната мрежа што, рече, „не е лесен процес“.

-Тој е почнат, добро се одвива и понатаму ќе се одвива. Верувам дека најголем дел ќе успееме да го завршиме во еден мандат, но верувам дека и тие што ќе дојдат после нас ќе го продолжат затоа што тоа е исклучително важно за квалитетот на образованието и во корист на учениците, посочи министерката за образование и наука.

Би можело да ве интересира

Јаневска за врсничкото насилство: Aко нема помош од родителите, не може да има успех

А1он

Јаневска најавува: Следува голем скандал што ќе ја изненади јавноста

Горан Наумовски

Јаневска за Филозофски факултет: Сериозно ќе го разгледам извештајот и ќе постапам како што одлучил Инспекторатот

Јаневска: Многу е комплицирана ситуацијата со Филозофскиот факултет

Горан Наумовски

Законот за високо образование утре оди во владина процедура, завршна средба на МОН денеска и со коалицискиот владин партнер Вреди

Јаневска го чека извештајот од Филозофскиот факултет за нерегуларностите при упис на магистерски и докторски студии