Едномесечна забрана за риболов на Дебарско Езеро

Од:

На Дебарско Езеро  почна едномесечната забрана на риболов на сите видови риба, освен на пастрмката.

Забраната која ќе трае до четврти јуни, а се воведува врз основа на законските одредби за заштита на рибниот фонд,  поради природниот мрест на рибата.

– Во текот на забраната  од страна на сите надлежни, вклучувајќи го и концесионерот на езерото зголемени се контролите со цел заштита на рибниот фонд, информираше Лири Делиши, началник на подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, воедно  и републички инспектор по рибарство.

Во овој едномесечен период е забрането и влегување во езерото со чамци.

Би можело да ве интересира

Повторно е одложено судското рочиште на кое требаше да биде презентиран извештајот од супервештачењето за случајот со родилката Веапоска

Двајца струмичани отидоа на риболов во Грција и исчезнаа

Штипјанец низ Дебар возел со 1,81 промили алкохол во крвта

Маж од Кичево истепал адвокат во судница

Уапсена e жена во Дебарско, предизвика пожар на сува трева

А1он

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар