Еднократната поддршка од 6.000 денари граѓаните ќе можат да ја користат без временски ограничувања

Од:

Околу 300.000 граѓани кои ќе добијат по 6.000 денари еднократна поддршка од државата средствата ќе можат да ги користат и по предвидениот рок 25 декември 2020 година, информираат од Владата.

-Тоа се пари на и за граѓаните на кои им е потребна поддршка и ќе може да се користат непречено веднаш после уплатата на сметка. Препораката за искористување на средствата до 25 декември останува со цел до крајот на годината да се инјектираат и ликвидни средства во стопанството за кус период, да се купуваат македонски производи и на тој начин да се дејствува врз раздвижување на економската активност, се вели во соопштението од Владата.

Доколку не беа опструкциите и блокадите од опозицијата за навремена реализација на четвртиот пакет економски мерки, потенцираат од Владата, граѓаните ќе беа во можност своите средства да ги користат доста порано, а со тоа и економската активност во државата ќе се подобреше порано.

-Оваа мерка е од четвртиот пакет за финансиска поддршка на ранливи категории граѓани. По 6.000 денари на сметка добиваат граѓаните со низок доход, пензионери кои имаат до 15.000 пензија, корисници на право на социјална сигурност на стари лица, млади лица од 16 до 29 години, самохрани родители, деца без родители и родителска грижа, уметници и други лица кои вршат дејност во културата, филмски работници и естрадни уметници. За оваа мерка која ќе се реализира преку исплаќање на средствата на постоечката трансакциска сметка на граѓаните, испроектирани се вкупно 27,5 милиони евра, појаснуваат од Владата.

До крајот на неделата страницата kupuvamdomasno.gov.mk се очекува да биде ажурирана за граѓаните да може да проверат дали се на листата со внесување на својот матичен број.

Би можело да ве интересира

Владата го утврди текстот на Предлогот на закон за финансиска поддршка на социјално ранливи категории на граѓани

Антикризни мерки: Учениците ќе добиваат од 1.200 до 1.800 денари месечно, по 3.000 денари за пензионерите со ниски пензии

Орце Костов

Еднократна финансиска помош добиваат ноќните клубови, рестораните за свадби и туристичките агенции

Хрватска: Малите стопанственици ја тужат државата поради епидемиолошките мерки

Жарко Настоски

Костадинов: 10 милиони евра за бескаматни кредити од линијата Ковид 4, поддршката за економијата продолжува

Од задутре кафеаните може да примаат гости и внатре, тоа не важи за дискотеките и клубовите

Жарко Настоски