Едногодишно ослободување од плаќање комунални сметки за социјалците од Кавадарци

Од:

Социјалните случаи од Кавадарци, се ослободуваат од плаќање на сметки за комунални услуги, за период од една година, одлучи Советот на општината. Ослободувањето се однесува на сметки за користење на вода за пиење, собирање и транспорт на смет и други комунални услуги.

– Ослободувањето е за периодот од 1 април минатата година, до 1 април годинава. Субвенционирањето е на товар на локалната самоуправа, појаснуваат од Јавното претпријатие „Комуналец”.

Оттаму додаваат дека под социјално загрозени семејства се подразбираат оние кои исполнуваат услови за социјална парична помош, постојана парична помош, паричен надоместок за помош и нега на друго лице, надоместок на плата за скратено работно време поради нега на дете со телесни или ментални пречки во развојот, додаток за глувост, парична помош на самохран родител кој има дете со пречки во развојот и додаток за слепило и мобилност.

Надзор врз спроведувањето на оваа одлука, ќе врши Комисијата за финансии и буџет при општината.

Би можело да ве интересира

Тешко повреден работник во фабрика во Кавадарци

Тешка сообраќајка во Кавадарци, повреден е пешак

Доживотен затвор за братоубиство во Кавадарци

А1он

Исчезнатиот кавадарчанец пронајден починат

Предраг Петровиќ

Кавадарчанец „дувна“ 3,21 промили алкохол откако предизвика сообраќајна несреќа

Кавадарци одбележува осум децении постоење на Градската библиотека „Феткин“, најстарата културна институција во градот

А1он