Утре од 21 до 22 часот ќе биде привремено затворен тунелот Демир Капија на државниот пат А1, делница Демир Капија-Гевгелија за сите категории возила.
Привременото затворање ќе биде поради извршување активности за изградба на јавен пат за време на инспекција за безбедност на патиштата – инспекција на тунел Демир Капија.