Едно починато лице е пронајдено при интервенција на екипа од Бригадата за противпожарна заштита, во стан на булеварот „Јане Сандански“ во Скопје, ноќеска околу 3 часот, каде од засега непознати причини избувнал пожар.
Како што соопшти МВР, екипата во станот го пронашла починат Н.Н. (23), а смртта била констатирана од страна на лекар од Итна медицинска помош.
По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција. Увид ќе се врши во текот на денешниот ден