Едно од 12 бебиња во болниците се заразува со опасни инфекции

Од:

Секој петнаесети пациент и секое 12 новороденче се заразува со опасни бактерии додека престојува во болниците – покажало истражувањето на Светската здравствена организација.

Истражувањето кое опфатило повеќе од 50 илјади пацинети ширум светот, покажало дека најранлива група се децата до пет години. Најмногу им страдаат респираторните органи, бидејќи најлесно се заразуваат со бактериите кои предизвикуваат пневмонија, а тука некаде се и уринарните инфекции и постоперативни инфекции.

Истражувањето кое било спроведено октомви и ноември минатата година, сепка покажало дека за разлика од 2006-тата година кога 8 проценти од пациентите се заразувале со интерхоспитални инфекции, минатата година се намалило на 6.4 проценти.

Во истражувањето накрај се предупредува дека многу од бактериите стануваат резистентни и се потешки за лекување поради злоупотребата на антибиотици.

Би можело да ве интересира

Алиу: Се воведува дигитално водење на медицинската документација

Лекарите од дефицитарни специјалности ќе може да работат до 70 години

Министерство за здравство: Законот за заштита од пушење не се одложува

Во завршна фаза комплетното реновирање на КАРИЛ и на четири операциони сали

А1он

Здравството не може да се реформира „на слепо“, Алиу објави регистер на вработените

Катерина Ѓуровски

Граѓанските организации апелираат: Превенцијата не е трошок, туку инвестиција!