Едно лице загина во сообраќајка на автопатот Гостивар-Тетово

Од:

Н.О.(78) од гостиварска Горна Бањица загинал во сообраќајна несреќа што вчеравечер во 20 часот и 25 минути се случила на автопатот Гостивар – Тетово спроти спортската сала кај Пирок, информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.

Според неговите досегашни информации пешакот бил удрен од засега непознато патничко возило со непознат возач што го напуштило местото на несреќата, а тој од задобиените повреди починал на самото место.

Смртта кај починатиот ја констатирал дежурен лекар од службата за брза помош кој пристигнал на местото а увид извршиле јавен обвинител и екипа од СВР Тетово.

Според обвинителството телото на починатиот било предадено за обдукција.

– Истрагата работи на утврдување на идентитетот на возачот и идентификување на возилото што учествувале во сообраќајката, како и се друго поврзано со неа, посочи Јосифовски.

Би можело да ве интересира

Прекин на сообраќајот на регионалниот пат Куманово – премин Пелинце

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози

СДСМ: Колапс на сообраќајот во Маврово и заглавени граѓани поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ