Едно лице тешко повредено во сообраќајка кај Ваксинце

Од:

Едно лице е тешко повредено во сообраќајна несреќа што се случи утрово во 3.15 часот  во близина на селото Ваксинце, соопштија утрово од кумановската полиција.

Несреќата се случила кога 31 годишната државјанка на Албанија Е.П.,управувајќи моторно возило „фор“ со албански национални ознаки се движела од Лојане кон Куманово, по што кај железничкиот премин во близина на Ваксинце изгубила контрола, удрила во бетонска куќарка, по што автомобилот се одби и удрил во светлосен сигнален уред.

Е.П по укажаната лекарска помош, поради сериозноста на повредите  е пренесена од кумановската болница и е префрлена во Ургентен Центар во Скопје.

Би можело да ве интересира

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Прегазено дете во Штип

Жена носела пиштол без дозвола на бензинска пумпа, сега е во притвор

Ана Ололовска

Куќен притвор за скопјанец што чувал пет вида дрога во изнајмен стан

Жарко Настоски

Скопјанец силувал и претепал жена во станот на неговата покојна мајка

Жарко Настоски