Едно лице потешко повредено во сообраќајка во Скопје

Од:

Едно лице е потешко, а десет се полесно повредени во осум сообраќајки што изминатото деноноќие се случиле во Скопје. Во истиот период се случиле уште две сообраќајки во кои е причинета само материјална штета.

Санкционирани се 23 возачи за брзо возење, а исклучени од сообраќај се еден возач кој бил под дејство на алкохол, двајца пред да се стекнат со правото за управување на моторно возило и еден возач почетник.

Сообраќајната полиција издала 52 казни за непрописно паркирање, а со специјалното возило „пајак“ подигнати се 74 возила.

На црвено светло поминале шест возачи, а четворица не поседувале зимска опрема во возилата.

Би можело да ве интересира

Какви се казните од „Безбеден град“: Поминување на црвено 250 евра и забрана за управување возило до 12 месеци

Сообраќајот за тешки возила кон Г.П. „Блаце“ се пренасочува преку бензинската пумпа „Дизел“

Прекин на сообраќајот на регионалниот пат Куманово – премин Пелинце

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози