Еден загинат во сообраќајка на патот Прилеп-Битола

Од:

Едно лице починало вчера во сообраќајна незгода на патот Прилеп-Битола, соопшти МВР.

– Вчера во 11:15 часот било пријавено дека на патот Прилеп-Битола, пред клучка „Лагово“, патничко возило „фиат браво“, со прилепски регистарски ознаки, управувано од С.П.(52) од Прилеп, излетало од патот. На местото на незгодата починал возачот. Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, информираат од МВР.

Бил извршен увид од увидна екипа од Полициската станица – Прилеп и Јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот било предадено за обдукција

Би можело да ве интересира

Ловочувар пронајден застрелан: прведени четворица, тројца се странци

Катерина Ѓуровски

Уапсен возачот кој синоќа усмрти пешак во Марино

Пронајдено женскo тело во распаѓање во Кочанско

Катерина Ѓуровски

Починато 18- годишно момче било донесено во болницата во Гостивар

21-годишник возел 105 километри на час на булевар во Штип

Полицијата го пронајде возачот кој удри во 11-годишно девојче и избега