Едно лице осомничено за уништување на заштитениот појас на Охридското Eзеро

Од:

Основното јавно обвинителство Струга отвори предмет против едно лице поради постоење основано сомнение дека сторило кривични дела – Узурпација на недвижност од член 225 и Оштетување или уништување на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости од член 264 од Кривичниот законик, информираат од Јавното обвинителство.

Осомничениот во повеќе наврати, започнувајќи од август минатата година, ангажирал лица да вршат ископ, тампонирање со земја и други материјали на крајбрежјето на Охридското Eзеро, со што извршил узурпација на природното езеро и уништување на добра и природна реткост. Осомничениот спротивно на Законот за заштита на природата преку спомнатите активности преземени во појасот на трски и крајбрежјето, ја зголемувал земјишната површина и го уништувал заштитениот појас трски и Охридското Eзеро кои претставуваат живеалишта за ендемични видови. Имено, Охридското Eзеро е класифицирано како споменик на природата, а согласно законите, во нeговата непосредна близина не се дозволени активности кои ги загрозуваат неговите обележја и вредности.

По отворањето на предметот против осомничениот, како што велат од Јавното обвинителство, во август 2018 година надлежниот јавен обвинител презел дејствија во насока на утврдување на фактите. Констатирано било дека активностите кои ги презел осомничениот се вршени на земјиште во сопственост на Република Северна Македонија и дека за истите тој не поседува соодветни дозволи.

Основното јавно обвинителство Струга во континуитет презема дејствија за целосно расчистување на кривично правниот настан, се наведува во соопштението од јавното обвинителство.

Би можело да ве интересира

Пронајдени соѕидани 350.000 евра во дом на судија од Апелациониот суд во Скопје

Предраг Петровиќ

Полицијата врши претреси на повеќе адреси поради сомнежи за даночна измама

Уште се поплавени домови, дворови, имоти, евакуираните во Кичево и натаму се во спортската сала

Катерина Ѓуровски

Обвинителството бара притвор за двајца мажи кои силуваa и уценуваa девојче од липковскиот крај

Со потерница ќе се бара 18-годишниот бегалец кој ја прегази Љуба Јаковлеска

Горан Наумовски

ВИДЕО: Излеани реки, поплавени населби, одрони – дождот направи проблеми

Катерина Ѓуровски