Еднаквост на жените и мажите тема на трета дебата на СЕП

Од:

„Eднаквост помеѓу мажите и жените, перспективи и предизвици“ е темата на третата дебата од циклусот ЕУ Разговори што денеска во организација на Секретаријатот за европски прашања (СЕП) ќе се одржи во Скопје.

Со цел подобрување на квалитетот во процесот на пристапување во Европската Унија, а водејќи се од начелата на инклузивност и транспарентност во своето работење СЕП продолжува со дебатен циклус “ЕУ разговори” (EU Talks).

Учесници на дебатата е предвидено да бидат претставници на собраниската Комисијата за еднакви можности, универзитетски професори, стручни претставници на Министерството за труд и социјална политика, Министерството за одбрана, претставници на ЗЕЛС, претставници на граѓанскиот сектор како и претставници од Секретаријатот за европски прашања.

Дебатата ќе ја водат заменик-претседателот на Владата на Република Македонија Фатмир Бесими и министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов.

Би можело да ве интересира

Корчок: Се надевам дека преговарачката рамка ќе биде усвоена за време на португалското претседателство

Димитров и Османи во Брисел на средби со Борел и Лајчак

Португалското претседателство со ЕУ ќе настојува да почнат преговорите со Северна Македонија

Вицепремиерот Димитров ја потпиша Рамковната спогодба за превод на правото на ЕУ

СДСМ: Најавата на ВМРО-ДПМНЕ дека нема да го признае пописот е доказ за антидржавно и деструктивно однесување

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Пендаровски: Не смееме да ги заборавиме скапо платените лекции, мора да сме системски подготвени за следната криза