Една жртва и пет повредени во 11 сообраќајки вчера во Скопје

Од:

Сообраќајната полиција во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Скопје изврши увид на вкупно 11 сообраќајни несреќи. Во една од нив едно лице починало. Во три незгоди со полесни телесни повреди се здобиле пет лица, а седум незгоди се со причинета материјална штета.

Едно лице почина во сообраќајна несреќа која се случила во 16 часот и 45 минути на регионалниот пат Скопје – Велес, во населеното место Гоце Делчев, во која учествувале патничко моторно возило „пежо партнер“ и автобус „Лаз“, со скопски регистарски таблички и управувани од граѓани на Скопје.

Како што информираа за МИА од СВР – Скопје, во текот на изминатиот ден по спроведените контроли над учесниците во сообраќајот од страна на сообраќајната полиција, откриени и санкционирани се поголем број прекршоци.

Санкционирани се тројца возачи кои поминале на црвено светло на семафор, 24 возачи за време на управување на возилото не го користеле сигурносниот појас или го користеле мобилниот телефон, како и 17 возачи кои го управувале возилото без возачка дозвола, односно нерегистрирано.

Затекнати се и 66 непрописно паркирани возила.

Со помош на специјалното возило пајак, во текот вчерашниот ден отстранети се 56 возила кои во поголема мера го попречувале нормалното одвивање како пешачкиот така и моторниот сообраќај.

Одделението за превенција  при СВР Скопје, денеска со почеток во 19:00 часот во просториите на ПСОН Гази Баба ќе одржи сообраќајна поука на која ќе присуствуваат граѓани учесници во сообраќајот кои сториле прекршоци по разни основи во својство на возачи.

Во рамките на проектот „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“ денеска Одделението за превенција при СВР Скопје ќе реализира едукативни работилници во ООУ „Кирил и Методиј“ со учениците од второ одделение, кое се наоѓа на подрачјето на општина Центар.

Би можело да ве интересира

По еден ден прекин, попаднево повторно воспоставен железничкиот сообраќај во земјава

Зголемена фреквенција на возила на граничниот премин Табановце за излез и за влез во државата

125 санкционирани возачи во Скопје

Посебен режим на сообраќај во Скопје во сабота поради чествувањето на смртта на Гоце Делчев

А1он

Паднато дрво го попречува сообраќајот на патот Делчево – Пехчево

Пропаѓале врски, бракови, бизниси – Италија ги укинува фотографиите од камерите за брзина во сообраќајот

А1он