Една третина излезност и мнозинство од излезените за избор на градоначалник во прв круг

Од:

Една третина од избирачите и мнозинство Правилата за избор на градоначалник се пропишани во Изборниот законик. Уште вечерва, во првиот круг од гласањето за градоначалник е избран кандидатот кој добил мнозинство гласови од избирачите кои гласале, доколку на изборите излегле една третина од вкупниот број на избирачи запишани во избирачкиот список.

Доколку во првиот круг од гласањето за избор на градоначалник не излезат една третина од вкупниот број на избирачи запишани во изводот од избирачкиот список за соодветната општина, тогаш се повторува целата изборна постапка.Исто така, а за градоначалник е предложен еден кандидат, а во првиот круг на гласање не го добил потребното мнозинство гласови од ставот на овој член, се повторува целата изборна постапка.

Ако во првиот круг ниту еден кандидат за градоначалник не го добил потребното мнозинство гласови, или доверба од мнозинството излезени гласачи, тогаш се оди во втор круг одат двајцата кандидати кои во првиот круг добиле најмногу гласови.Вториот круг на гласање се одржува 14 дена по денот на завршувањето на првиот круг на гласањето, односно на 29 октомври.

Во вториот круг ќе биде избран кандидатот кој добил поголем број гласови.

Во општините каде има само двајца кандидати, доколку нема поништувања, тогаш градоначалниците на 6.те локални избори ќе бидат избрани во прв круг.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Архитектот Мишел Ројкинд и Бујар Османи ја презентираа „Визија Чаир 2040“

Предраг Петровиќ

Левица со кандидати за градоначалници во Струга, Тетово, Гостивар – пратеничката Мојсоска ќе се трка за Струга

Предраг Петровиќ

Димитриески за нов градоначалнички мандат во Куманово, Лабудовиќ за Центар и поддршка од ВМРО-ДПМНЕ

Предраг Петровиќ

Градоначалникот на Росоман: Поднесената кривична пријава е политички притисок

Предраг Петровиќ

Максим Димитриевски даде отчет за сработеното: Куманово продолжува да се менува

Пенов и Пановски- кандидати за градоначалник на Скопје и носител на листа од ЛДП

Предраг Петровиќ