Една противпожарна екипа останува во Кумановскиот суд

Од:

Една екипа од територијалната противпожарна единица сè уште е внатре во подрумските простории на Основниот суд Куманово. Заменик командир на ТППЕ Куманово, Борис Станковски изјави дека над 90 проценти е локализиран пожарот, влезено е внатре во просториите. Дел од архивата е отстранета и на терен е една екипа од четворица пожарникари со едно возило.

– Ги повлековме сите возила, остануваме се до целосна ликвидација на пожарот, изјави Станковски за МИА.

Во текот на денот се сменија 15-тина пожарникари и пет возила.

И од судот кажаа дека ќе дежураат цела ноќ пред установата како и екипи на полицијата, од МВР, од обвинителство.

– Чади минимално, пожарникарите кажаа дека нема да има проширување на чадот, но и тие ќе останат со една екипа во текот на ноќта која ќе контролира, изјави претседателката на судот, Снежана Манев.

Пожарот избувна минатата ноќ во 01:35 часот.

Би можело да ве интересира

Загина 64-годишен возач во близина на Куманово

Пронајдена почината 50 годишна кумановка

А1он

Опожарени дваесетина хектари нискостеблеста шума и сува трева во Макреш, Старо Нагоричане

Најмалку 50 лица се повредени во пожар во фабрика за автоделови

Пожар во Прочистителната станица во Мојанци, гореше инсталација за пренос на метан

Опожарени три возила на паркинг во Ново Лисиче