Една година од смртта на Булент Ибрахим починат од сепса по операција на хемородиди, сопругата во агонија бара расветлување на случајот

Од:

Едита Ибрахим, сопруга на Булент Ибрахим кој лани почина од сепса по операција на хемороди, една година вели дека живее во агонија обидувајќи се да докаже дека нејзиниот сопруг починал поради лекарска грешка, но за тоа нема соработка од институциите. Таа преку отворено писмо до медиумите побара случајот да биде расветлен.

Отвореното писмо го пренесуваме во целост.

„Утре, 21.02.2020 година се навршува една година од смрта на мојот сопруг Булент Ибрахим , кој по оперативен зафат на хемороиди, изведен од докторот Звонко Николовски од Скопје, почина од сепса, a одговорност се уште нема. Ви се обраќам како последна надеж за расветлување на случајот, во кој поради криминално изведениот оперативен зафат го загубив мојот сопруг, а моите две деца својот татко.

Почитувани медиуми,  како докажани борци за вистината, борци  за  откривање на незаконитости и криминал, Ве замолувам ова отворено писмо да го објавите и да го истражите случајот со смртта на мојот сопруг бидејќи се сомневам некој дека го штити лекарот Звонко Николовски, а на тоа ме наведува фактот што Основното јавно обвинителство – Скопје  се уште нема покренато обвинение за смртта на Булент.

Имено, иако е поднесен соодветен поднесок по службена должност од страна на Државниот санитарен и здравствен инспекторат и  соодветна кривична пријава од моја страна под број КО 976/19  јавното обвинителство се уште молчи.

Во прилог Ви доставувам хронологија на  сите постапки кои се преземени од наша страна:

1.Кривична пријава на ден 14.03.2019 година од Адвокат Иван Лефков ( полномошник на оштетената – сопругата на покојниот Булент Ибрахим и малолетните деца) до Основно јавно обвинителство Скопје ПРОТИВ пријавените др. Ѕвонко Николовски од Скопје, др. Крсто Митаноски од Скопје и др. Снежана Каваин за кривично дело ,,тешки дела против здравјето на луѓето ,, од член 217 став 2 в.в. член 207 став 1 од КЗ., ЗАТОА ШТО на ден 18.02.2019 година, извршиле нелегална операција на хемороиди на пациентот Ибрахим Булент од Скопје, во изнајмена операциона сала на д-р Крсте Митаноски од Скопје ,при што првопријавениот применил очигледно неподобно средство и начин на лекување, односно не применил соодветни хигиенски мерки и воопшто несовесно постапувал, и со тоа предизвикал влошување на здравствената состојба на пациентот, и иако бил свесен дека после операцијата пациентот добил висока температура и ,,сепса,, ( тровање на крвта ) наместо да го упати на лекување во специјализирана здравствена установа за тоа, во деновите 19,20 и 21 февруари 2019 година, доаѓал во домот кај пациентот и му давал инфузија, па откако на ден 21.02.2019 година констатирал дека терапијата од негова страна нема ефект и дека пациентот е во критично загрозувачка состојба по неговиот живот,заедно со роднините на пациентот го однел во Градската општа болница ,,8-ми Септември,, во Скопје во критично лоша здравствена состојба каде и покрај обидите на лекарите да го спасат пациентот починал истиот ден во 18.00 часот.

2.Со поднесок од 11.04.2019 година ДО ОЈО Скопје доставено Вешт наод и мислење Др од,специјалист по општа хирургија, Во вештиот наод и мислење вештото лице врз основа на увид во целосната медицинска документација има утврдено дека виновен за смрта на покојниот Булен Ибрахим од Скопје е прво пријавениот, а од останатите наводи во мислењето произлегува одговорност и за останатите пријавени.

3.Ургенција до ОЈО на ден 19.03.2019 година-нема одговор

4.Ургенција до ОЈО на ден 20.08.2019 година-нема одговор

5.на ден 20.11.2019 година сослушување на сопругата на покојниот Едита Ибрахим (обвинителкaта сакаше да го одложи сослушувањето истиот денот кога беше закажано и истата на наше инсистирање наместо во 9ч ја сослуша Едита во 12ч )

6.некаде декември 2019 година е сослушан докторот – судски вештак

  1. на ден 13.01.2020 година-претставка до Вишо ОЈО – нема одговор
  2. на ден 13.01.2020 година – Претставка до Совет на Јавни обвинители- нема одговор
  3. на ден 03.02.2020 година-Барање за увид во списи на ОЈО
  4. на ден 10.02.2020 година одговор на ОЈО за одбивање на барање за увид во списите

Викаат пред фактите и боговите молчат, но очигледно ова за Основното јавно обвинителство – Скопје не важи. Па затоа во прилог ќе изнесам некои факти кои се јасно утврдени, а се уште недоволни за Основното јавно обвинителство – Скопје  да покрене обвинение против лекарот  Звонко Николовски, но и неговите помагачи – Др. Крсто Митановски и Др. Снежана Каваин.

Оперативниот зафат е извршен на црно,  во субстандардни услови и спротивно на здравствените процедури

Веднаш по смртта на Булент, Здравствената и санитарна инспекција излезе на терен и  утврди дека операцијата е направена на црно, односно дека  Приватната здравствена установа Јанита во рамки на својата дозвола за работа издадена од Министерството за здравство воопшто немала дозвола за извршување на оперативни зафати во  своите простории, а уште помалку  надвор од просториите на установата. Со тоа лекарот Звонко Николовски –  носител на дозволата и дејноста, не смеел да извршува никакви оперативни зафати, ниту во своите простории, ниту пак надвор од нив!  Оперативниот зафат на хемороиди, лекарот Звонко Николовски ја извршил во простории на П.З.У. Др. Крсто Митаноски, иако истиот не смеел тоа да го направи.

Просторијата – салата во која е извршен оперативниот зафат, Здравствената и санитарна инспекција утврдила дека истата не ги исполнувала  условите од санитарен и санитетски аспект, ниту пак истата претходно била дезинфицирана, ниту за салата имало дозвола од Министерството за здравство за извршување на оперативни зафати. Во моментот на увидот од страна на инспекторите ординацијата е затекната затворена, по телефон е викнат сопственикот (др. Крсто Митаноски) кој е носител на дејност согласно  решение издадено од Министерството за здравство. Истиот е пензионер и нема вработено друг кадар во ординацијата. Согласно наведеното во таа ординација докторот Звонко Николовски не смеел да извршува оперативни зафати, затоа што истата ординација де јуре била затворена бидејќи носителот на дејноста бил пензиониран, а истиот ниту вработил ниту пријавил друг кадар во ординацијата. Па така Др. Митаноски дозволил во својата просторија незаконски и без соодветни санитарни услови да се изврши нелегална оепрација. Анестезиологот Др. Снежана Каваин, инаку во моментот на извршување на делото вработена во Г.О.Б. 8ми Септември – Скопје без да постои согласност од нејзиниот работодавач за допонително вршење на дејност, спротивно на законски прописи учествувала во извршување на нелегална операција.

Утврдена е бактерија стрептокока – причинител на сепса

Од земениот брис на кожа по извршениот оперативен зафат е утврдено присуство на бактерија на streptococcus agalactiae. Бактеријата е  причинител на сепса!!

Веднаш по оперативниот зафат Булент беше пуштен на домашно лекување со напомена да прима  терапија ( Flagul 40 0 ml, PHledobia Ketonal OI parafini) и дополнително лекарот во домашни услови му ординираше физиолошки раствори реглан и ранитидин со витаминска терапија. Секој лекар знае и е должен да знае дека после било каков оперативен зафат се ординира терапија со антибиотици, а лекарот Звонко Николовски  спротивно на сите здравствени процедури ординираше физиолошки раствори и витаминска терапија, кога истиот бил должен да знае дека по било каков оперативен зафат задолжително се ординира со антибиотици.

Овој факт е утврден од судски вештак кој врз основа на расположливите докази утврдил дека причина за смртта на Булент е бактериолошка инфекција – сепса чиј причинител била изолираната бактерија  streptococcus agalactiae!

Дополнително имаме информација дека  во хемокултурата од крвта  на Булент е пронајдена уште една бактерија streptococcus pyogenes, која исто така е причинител на сепса. 

Се поставува прашањето дали присуството на двата типа на бактерија стрептокока streptococcus agalactiae и streptococcus pyogenes се недоволен доказ за Основното јавно обвинителство – Скопје, дека мојот сопруг починал од сепса предизвикана од бактерии?!

Врз основа на сите овие факти наведените лекари ја уживаат својата слобода, додека ние семејството на Булент секој ден во агонија очекуваме правда за Булент.

Се уште немаме ниту информација дали е одземена дозволата за работа на ПЗУ Јанита и ПЗУ Митаноски, дали им е одземена лиценцата за работа на лекарите Николовски и Каваин? Дали против истите се преземени било какви мерки за ваквите несовесни лекари кои доведоа еден обичен оперативен зафат да заврши со летален исход? Се уште немаме информација дали е спроведен стручен надзор од страна на министертвото за здравство и лекарската комора и што е утврдено од истите“, стои во отвореното писмо од Едита Ибрахим.

 

Би можело да ве интересира

И дале погрешен лек – почина тригодишно девојче по операција на крајници

А1он

Немало грешки во лекувањето на малата Јана – Нема кривично дело за смртта, пресече Обвинителството

Анита Петровска Рајковиќ

Mу ги дупналe цревата при рутински преглед: Поради лекарска грешка пациент од Србија три пати реанимиран

А1он

Комисија ќе бара лекарска грешка по смртта на 33 – годишната пациентка чие семејство обвини дека при шиење на матката и било продупчено тенкото црево

Маја Илиевска-Пачемска

Нова Комисија ќе утврдува зошто на породување ѝ биле извадени бубрег, матка и јајчник на родилката од Дебар

Маја Илиевска-Пачемска

Родилката од Дебар: ќе ги објавам имињата на лекарите што не најдоа пропуст за извадените бубрег, јајчник и матка

Маја Илиевска-Пачемска