А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ќе биде казнет за се што и’ направи на Република Македонија

by А1он24/10/2016 - 17:2824/10/2016 - 18:09174
Share0

Единственото нешто што СДСМ им го нуди на граѓаните е криза и деструкција во Република Македонија. ВМРО-ДПМНЕ нуди и реализира проекти и просперитет.

Добивај вести на вибер

Единствен проект на СДСМ е едно евро за Вицето. ВМРО-ДПМНЕ гради училишта, градинки, болници, патишта.

СДСМ нуди проект бркање од работа по принципот „од чистачка до директор“. ВМРО-ДПМНЕ отвори 160.000 нови рабони места.

СДСМ и Катица Јанева ги потценуваат граѓаните вработувајќи ги партиските потрчковци и внуците во СЈО, а ВМРО-ДПМНЕ преку привлекување на странски директни инвестиции и подобрување на бизнис климата ја намали стапката на невработеност од 38% во време на СДСМ, на рекордно ниски 24%.

Аболицираниот криминалец Зоран Заев и неговите поддржувачи нудат двојазичност, федерализација, редефинирање на Македонија и виткање кичма. ВМРО-ДПМНЕ нуди стабилност и одбрана на националните интереси и достоинството.

Аболицираниот криминалец Зоран Заев е во паника. Знае дека се ближи 11 декември и дека тој ќе биде жестоко казнет за блокадите и штетите што во овие две години им ги предизвика на граѓаните и на Република Македонија.

Аболицираниот криминалец Зоран Заев знае дека веќе нема бегање и дека ќе одговара за секој поткуп што го побарал. Нема веќе аболиции за милионите евра кои ги украл од граѓаните на Македонија. На 11 декември завршува лицемерната грижа на Заев за граѓаните и победува вољата на народот.

СДСМ потврди дека е едно-исто со СЈО. СДСМ потврди дека нема ништо да им понуди на граѓаните освен она за кое пишуваат медиумите – нарачаните политички процеси.

Граѓаните ќе избираат меѓу програма и просперитет кои ги нуди ВМРО-ДПМНЕ и криза и деструкција кои се на понудата на СДСМ. Токму затоа одлуката на граѓаните ќе е јасна и прецизна: не за кризата, деструкцијата, измислиците и лагите на СДСМ.

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ќе биде казнет за се што и’ направи на Република Македонија.

dpmne

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски15/02/2026 - 12:24

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски11/02/2026 - 14:1211/02/2026 - 14:51

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник

Катерина Ѓуровски11/02/2026 - 13:19

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски11/02/2026 - 12:5211/02/2026 - 12:53

Петрушевски: Двојни аршини на СДС и Филипче, велат дека треба да се казнат оние кои сакаат да возат без возачки, а од друга страна гласаат против имплементација на „Безбеден град”

Катерина Ѓуровски06/02/2026 - 12:54

ВМРО-ДПМНЕ вечерва избира нов Извршен комитет и нов генерален секретар на партијата

Катерина Ѓуровски06/02/2026 - 10:5106/02/2026 - 12:17
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен