Единствена Македонија: Заев да ја врати лиценцата за бизнис со дрога, марихуната за болните да ја обезбедува државата

Од:

Зоран Заев денеска од Виена на отворена сцена се заебаваше со народот изјавувајќи дека набавувањето на дрога од пратеникот Павле Богоевски е негово лично право. Владеењето на марионетската власта во Скопје се претвора во безаконие, корупција и криминал кога за флагратно кривично дело од пратеник, мариоентата Заев застанува во негова одбрана велејќи дека тоа е негово лично право како се однесува, вели Единствена Македонија во соопштение за јавноста.

“Станува се повеќе јасно дека со одбраната на пратеникот Богоевски, марионетата Заев го штити својот бизнис со дрога кој треба со другите бизниси да му носи годишно чиста добивка од 100 милиони евра а кое нешто го призна и самиот Заев во последниот телевизиски дуел со
Христијан Мицковски во емисијата „Само вистина“.

Единствена Македонија го повикува Зоран Заев да не се затскрива зад алтруистички мотиви со неговиот бизнис со дрога во милиони евра и веднаш да ја врати лиценцата за дрога, а марихуаната за болните да ја обезбедува државата.”, се наведува во соопштението на партијата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Според ММФ, Македонија е меѓу последните европски економии според БДП по жител

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Македонија на дното, 41 место во Европа – ММФ ги разби бајките на Мицкоски за трета економија

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е спотер, а сватот на Али Ахмети акционер

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е во паника за Алта банка – по моделот на Вучиќ сака да ја замолчи опозицијата

СДСМ: Мицкоски панично ја брани банката на Вучиќ, сака да се заташка случајот

Во ВМРО-ДПМНЕ на Извршен заклучиле дека СДСМ сака да ја сруши Алта банка

Катерина Ѓуровски