Единствена Македонија: Шеќеринска ги префрла македонските војници од Авганистан во Сирија да војуваат пртив Русија

Од:

„Единствена Македонија изразува шокираност од средбата на Радмила Шеќеринска со амбасадорот Џес Бејли која е сокриена од јавноста, а на која Шеќеринска изразила спремност да ги префрли македонските војници од Авганистан во Сирија за потребите на САД во војната против Русија.

Станува збор за 44 лица на АРМ кои во рамките на операцијата предводена од НАТО „Одлучна подршка„ во моментот се наоѓаат во Авганистан.

Единствена Македонија ја прашува Шеќеринска дали е свесна во каква опасна авантура влегува со испраќањето на македонски војници да послужат како топовско месо против Русија во новата светска војна која ја спрема САД.

За Единствена Македонија е познато дека Шеќеринска и останатите од партијата „Погреб за Македонија„ составена од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ ќе бидат жестоко казнети од своите странски господари доколку не ги исполнуваат задачите против Македонија и Македонците откако претходно се веќе корумпирани и купени токму од овие странски ментори.

Меѓутоа, ставот на Единствена Македонија и македонскиот народ е и останува ист: секогаш сме верувале дека нема и ништо не може да оправда војување на македонски војници против Русија“, се вели во соопштението на Единствена Македонија.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Армијата денес е симбол на новото време

СДСМ: Сите припадници на АРМ се нашите херои во униформа

Горан Наумовски

АРМ се поднови со 29 лесни оклопни возила

Левица: Одбиени без причина: Конкурс за 60 офицери, а решение за 29, останатите – жртви на партиски пазарења

Членовите на Постојаниот комитет на Парламентарното собрание на НАТO во „контрола“ на касарната „Илинден“

Сиљановска-Давкова: Безбедносните закани бараат големи вложувања во одбраната, напредните технологии и оружја

Горан Наумовски