Единствена Македонија: СДСМ глуми лудило, ќе барале консензус за промена на изборниот модел, а извршија предавство без консензус

Од:

„Единствена Македонија реагира на денешната изјава на генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски дека за промена на изборниот модел е потребен консензус од СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и албанските партии во Собранието.

Добро е да се промени изборниот модел со консензус, но, доколку не се постигне консензус го потсетуваме СДСМ дека во изборната кампања за парламентарните избори во декември 2016, Зоран Заев вети дека кога ќе победат на изборите ќе го променат изборниот модел и Македонија ќе биде една изборна единица. Доколку СДСМ не воведе една изборна единица, Заев продолжува да влегува од лага во лага со што се потврдува дека лидерот на СДСМ постојано ја замајува јавноста.

Но, СДСМ сега глуми лудило. СДСМ сега калкулира и се задскрива зад ВМРО-ДПМНЕ иако има доволно мнозинство во Собранието да го смени изборниот модел. СДСМ изврши национално предавство со бришењето на се што е македонско без консензус на македонскиот народ, а сега за изборниот модел ќе барале консензус што е врв на дволичноста на марионетската власт во Скопје.

Да потсетиме, Единствена Македонија уште на 22 јули 2010 во Собранието има поднесено амандман на Изборниот законик со кој се бара промена на изборниот модел и територијата на Република Макеоднија да биде една изборна единица, но, овој амандман до денешно време остана закочен во собраниските фиоки“, се вели во соопштението на Единствена Македонија.

Би можело да ве интересира

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесува пакет-закони за намалување на цените на горивата и храната

Катерина Ѓуровски

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски