Единствена Македонија: Мозокот на Мицкоски закочил во 1948

Од:

„Христијан Мицкоски во стилот на здодевен вознемирувачки агитатор, во последните десетина дена при гостувањето на сите национални телевизии, постојано бара апсење на претседателот Бачев поради качувањето на полициско возило и веење на руското знаме на Собирот пред Собранието на 17 јуни годинава.

Мицкоски бара апсење на Бачев, замислете, поради тоа што министерот во МВР Оливер Спасовски така изјавил во телевизиски настапи.

Единствена Македонија во име на македонскиот народ и во име на ВМРО го прашува лидерот на ДПМНЕ Мицкоски, за кое апсење на претседателот Бачев зборува кога апсењата се вршат врз законска основа, а не врз основа на изјави на полициски министер.

Равенката за апсење во една правна држава е математички прецизно напишана: Никој не може да биде апсен за дело кое, пред да е сторено не било со закон определено како кривично дело.

Качувањето на полициско возило и веење на руско знаме не се пропишани како кривично дело во ниту еден закон во Република Македонија. Имаме разбирање зошто Мицкоски не може да ја разбере оваа формула бидејќи досегашната кариера не ја градел врз основа на знаење, способност и достигнување, туку со привилегии на татко му.

Единствена Македонија бара од Мицкоски извинување за непознавањето на правниот систем во Републиката. Во спротивно, ќе сметаме дека мозокот на Мицкоски закочил во 1948 кога полициски министри апсеа и пресудуваа“, се вели во соопштението на Единствена Македонија.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина