Единствена Македонија: Мицкоски опиен од желбата за власт не може да го разбере предавството на осумината одметнати пратеници

Од:

„Единствена Македонија со жалење констатира дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски не може да разбере што значи политички интерес, а што значи национален и државен интерес.

Мицкоски најави можно враќање во ВМРО-ДПМНЕ на осумината купени и уценети пратеници кои се одметнаа од ВМРО-ДПМНЕ за да го извршат најголемото предавство во поновата македонска историја со обезбедувањето на неопходните гласови за уставните измени за бришење на се што е македонско.

Мицкоски враќањето на осумината пратеници во ВМРО-ДПМНЕ го правда со изјавата дека во политиката ништо не било невозможно, со што, Мицковски опиен од желбата за власт не може да разбере што значи национален и државен интерес, бидејќи, бришењето на светото македонско име, идентитетот, историјата и традицијата на македонскиот народ со клучната улога на осумината пратеници не може да се гледа според логиката на политиката, туку треба да се гледа според логиката на нацијата и државата и дека нивното предавство треба да остане забележано“, се вели во соопштението на Единствена Македонија.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ