Единаесет сообраќајки во Скопје, пет лица полесно повредени

Од:

Скопје, 21 февруари 2017 (МИА) – Пет лица се здобиле со полесни повреди во две од вкупно 11 сообраќајни незгоди кои се случиле во текот на вчерашниот ден во Скопје. Во девет сообраќајки е причинета материјална штета.

Вчера од страна на сообраќајната полиција, санкционирани се двајца возачи кои поминале на црвено светло на семафор, седум возачи го управувале возилото без возачка дозвола, односно нерегистрирано, како и 12 возачи кои не се придржувале према ограничувањата, забраните и обврските изразени со поставените сообраќајни знаци. Санкционирани се и 11 пешаци кои поминале вон обележан пешачки премин, односно поминале на црвено светло на семафорот за пешаци. Затекнати се 45 непрописно паркирани возила.

Со специјалното возило „пајак“ отстранети се 33 возила.

Би можело да ве интересира

Прекин на сообраќајот на регионалниот пат Куманово – премин Пелинце

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози

СДСМ: Колапс на сообраќајот во Маврово и заглавени граѓани поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ