Единаесет сообраќајки вчера во Скопје, повредени шест лица

Од:

Единаесет сообраќајни несреќи се случиле во текот на вчерашниот ден во Скопје.Според евиденцијата на СВР Скопје, во пет сообраќајки со полесни телесни повреди се здобиле шест лица, а во шест е причинета материјална штета.

Сообраќајната полиција вчера санкционирала двајца возачи кои поминале на црвено светло на семафор, двајца не ги почитувале правилата за престигнување, девет без возачка дозвола, односно нерегистрирано возило. Казнети се и тројца возачи за прекршоци по разни основи, како и четворица возачи кои не се придржувале кон ограничувањата, забраните и обврските изразени со поставените сообраќајни знаци. Затекнати се и 48 непрописно паркирани возила.

Со специјалното возило „пајак“ отстранети се 67 возила.

Би можело да ве интересира

Прекин на сообраќајот на регионалниот пат Куманово – премин Пелинце

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози

СДСМ: Колапс на сообраќајот во Маврово и заглавени граѓани поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ